Македонија судски совет смогна сили да го тргне црнолисташкото другарче на груби

Конечно, Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој 11 месеци е на ЦРНА ЛИСТА на САД

„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба. Таа доверба е целосно изгубена,“ стои во решението на индолентниот Совет, кому му требаше една година да го сфати она што јавноста го знае цели 11 месеци…

Конечно, Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој 11 месеци е на ЦРНА ЛИСТА на САД

По скоро година дена од мега-аферата, Судски совет собра сила  и Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети е разрешен од функцијата.

Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред  11 месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито и одолговлекувал предмети поврзани со поранешниот прв човек на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Судскиот совет по скоро цела година донесе решение со кое го разреши Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.

Како причини се наведуваат:

-сериозна повреда на јавниот ред и мир,

-други потешки форми на недолично однесување,

-нарушување на угледот на судството.

„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба. Таа доверба е целосно изгубена,“ стои во решението на индолентниот Совет, кому му требаше една година да го сфати она што јавноста го знае цели 11 месеци…

Најнови вести од Македонија

To top