САД ги ставија Бразил и Јужна Африка на листата за набљудување поради што не ги презеле сите мерки за спречување на трговијата со луѓе.
Листата за набљудување е средна категорија помеѓу земјите кон кои Вашингтон нема побарувања и оние на црната листа, што води до потенцијални санкции.
– Владата на Јужна Африка идентификуваше помалку жртви, истражуваше помалку случаи и поведе помалку обвиненија, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
Заклучокот е сличен и за Бразил, кој не поведе никаква правна постапка според законот против трговијата со луѓе од 2016 година. Според Вашингтон, во Бразил десетици илјади лица се жртви на трговијата со луѓе.