Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски упати порака за граѓаните на општината за почеток на кампањата.
„Имаме една убава радосна вест за почетокот на кампањата. Граѓаните на населбата Радишани и генерално Радишани, добива нов модерен затворен базен, во вредност од 80 милиони денари.
Тоа што особено ме радува е дека предност во користење на овој базен ќе имаат учениците од ОУ ,,Ацо Шопов“, но генерално сите ученици.Исто така и граѓаните во подоцнежните часови
Тоа што сакам да го кажам е дека покрај тоа што денеска вршиме увид во градежните активности за овој проект, најавуваме уште еден нов затворен базен во населеното место Бутел 1, во дворот на училиштето „Св. Климент Охридски“.
Општина Бутел се менува. Сигурен сум дека и овој пат ќе направиме вистински избор за модерна општина Бутел, за развој и за квалитетна иднина на нашите деца“, објави Костовски на својот фејсбук профил.
🏊♀️ ГРАДИМЕ МОДЕРЕН ЗАТВОРЕН ПЛИВАЧКИ БАЗЕН ВО РАДИШАНИ! 🤿
♥️ Со големо задоволство, денес извршив увид во градежните активности за изградба на првиот базен во ООУ „Ацо Шопов“.
🏟️ Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
☝️Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
🙏 На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
☝️Овој базен, чија изградба ќе биде завршена за 18 месеци, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи пред сѐ на учениците, спортистите но и на сите граѓани.
🏊♀️ Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
💰 Со оваа инвестиција која е во вредност од околу 80.000.000 денари овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
☝️ Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел.
Со заокружување на број 9️⃣ гласам за нашата иднина!
#ЗаТвојатаИднина
#ТвоетоМесто
#ВистинскиотИзборPosted by Дарко Костовски on Monday, September 29, 2025