Македонија Интервјуа МЕЃУ РЕДОВИ

Стојаноски: На Град Скопје му треба градоначалник како Орце, од противкандидатите очекувам негативна кампања

Голем број на кандидати за градоначалници влегоа во изборната трка за Град Скопје. Го прашавме, по Петре Шилегов и Данела Арсовска, каков градоначалник му е потребен на главниот македонски град.

Стојаноски: На Град Скопје му треба градоначалник како Орце, од противкандидатите очекувам негативна кампања

Пратеникот Бојан Стојаноски синоќа беше гостин во „Меѓу редови“ на КУРИР. Со него разговаравме на повеќе теми, а посебен осврт дадовме на изборите и кампањата кои следуваат.

Вели дека кандидатите на владејачката партија ќе водат позитивна кампања и ќе промовираат проекти, а од противкандидатите очекува особено негативна кампања.

-Од противкандидатите очекувам кампања која ќе биде особено негативна бидејќи во овој досега период пред кампања гледам дека водат исклучиво негативна и црна кампања без притоа да дадат некакви идеи како и самите лични критики кои ги изнесуваат би ги надминале. Од друга страна, тоа што е поважно, ние ќе водиме исклучиво позитивна кампања бидејќи сме сигурни во тоа што го имаме сработено изминатите четири години, многу внимателно ги креиравме програмите, врз основа на буџетите на секоја општина и таа програма е реална. Особено низ призмата дека сега и Владата ги помага општините. Ние ќе им кажеме на граѓаните што планираме да направиме наредните четири години, граѓаните знаат на кого можат да се потпрат. Градоначалниците се нивни луѓе, луѓе од нивното маало што им ги решаваат проблемите. Ќе сакаме да им објасниме на гласачите дека сега за да продолжат промените кои веќе се случуваат во нашата држава, потребно е да излезат во што помасовен број и што помасовно да ја дадат поддршката на луѓето на кои им веруваат исклучиво заради нивните дела, рече Стојаноски.

Голем број на кандидати за градоначалници влегоа во изборната трка за Град Скопје. Го прашавме, по Петре Шилегов и Данела Арсовска, каков градоначалник му е потребен на главниот македонски град.

-Токму како Орце Ѓорѓиевски. Млад, човек кој има ентузијазам, кој има визија, јасна цел и најважно од сè, кој што знае. Бидејќи досега видовме со решенија кои на некаков начин импровизиравме, дека не го дадоа потребниот резултат. Скопје е град на кој му треба едно воскреснување, а токму тоа Ѓорѓиевски може да го направи. Ние досега имавме неколку средби со граѓаните на Ѓорче Петров заедно со Ѓорѓиевски и секогаш им велев на нашите сограѓани „Гледајте што направи за Кисела Вода, па истото тоа пресликајте го во Градот Скопје“. Во овој момент, во јавните анкети кои ги имаме  е до 8.000 гласови разлика да победиме во првиот круг. Токму затоа опозицијата мотивираше неколку кандидати на број 18 да се кандидираат  мислејќи дека на таков начин ќе успеат да ја разводнат приказната и да го однесат Ѓорѓиевски во втор круг, но тоа нема да се случи. Ние треба да знаеме, особено СДСМ треба да знае за овие мерења на јавното мислење, ефектот кој особено граѓаните му го даваат на Ѓорѓиевски во насока на мотив, да продолжи со сопствената кампања е пред да почне кампањата, пред тој да ја промовира својата програма, пред да даде решение на најгорливите проблеми на скопјани. Очекувам сега Скопје по осум години дека конечно ќе добие градоначалник, истакна пратеникот.

Целото интервју со него, погледнете го во видеото во продолжение

To top