Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави мега вест, општината добива Поликлиника!
-Помина последната одлука на Влада за нова Поликлиника во Општина Бутел.
Проект спремен, локација обезбедена, обезбедени 117.725.000 денари.
Ќе потпишеме договор до министерот за здравство и за некој ден тендерираме!
Благодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински помогна за најголемото барање на граѓаните на Општина Бутел да стане реалност, објави Костовски.