Хроника следува содветна пријава

Уапсен маж од струмичко, подметнал пожар на место викано „Џидет“

На 20.09.2025 во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, струмичко.

Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top