Македонија Драчево

Стаменкоска Трајкоска: Блискоста со граѓаните ми дава дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои следат

Таа блискост со граѓаните ми дава дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои следат, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска: Блискоста со граѓаните ми дава дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои следат

Вечерва кандидатката за градоначалник на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, беше во матичниот штаб на месниот комитет во населбата Драчево каде се одржа средба со присутните.

На средбата присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Кисела Вода, Светлана Колариќ, претседателот на ОК Кисела Вода, Иван Живковски, како и дел од советничката група.

-Разговаравме за актуелните прашања и за мерките што ќе придонесат за унапредување на квалитетот на животот во нашата општина. Нашата работа продолжува посветено, обединето и во интерес на сите сограѓани. Особено охрабрува што голем број млади луѓе активно се вклучија во разговорот и ги споделија своите идеи и ставови. Таа блискост со граѓаните ми дава дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои следат, истакна Стаменкоска Трајкоска.

To top