Едни две партии кои со децении ја пеплосуваат државата, сега наеднаш се сменија. Но не, не на поарно. И да, не знаат поинаку. Чудна направија, терористи и „комуњари“ во пироманска коалиција…
Ако 33 години ја пеплосуваа државата на економски, национален, безбедносен, образовен, на здравствен и секаков план, сега политикантите тоа го прават поинаку. Замисли, ајваните пиромани од фигуративно, минаа на буквално пеплосување. Оти, политички биле соочени со кумановската прикаска „дојдеа е нож до коску“. А „дојдеа е за партију“, ама скроз. И така очајниците на залезот на кариерата и на зајдисонцето на луцидните им партии, тие веќе не предизвикуваат политички пожари, не „палат“ раја и јавност, не. Не можат веќе никого да „запалат“ и рчнат. Од проста причина, попроста здравје. Никој жив веќе одамна не им верува. Царот е гол, тие пак и голи и боси. Прочитани се, како буквар. Како најнеспособни, најинфантилни, најпатетични, нејнеинвентивни политички битија. Најголи, поголи здравје. Та затоа, никој веќе не верува во нивните собитија…
И сега, сега шу прајме?
Та, тоа што го знаат. Да палат. Ама буквално, само си се прешалтаа од теорија на пракса, затоа што фигуративното веќе не им „пали“…
Во два дена, гореа четири депонии. Премногу симптоматично, нели?
Цело лето, една те иста песна. Та букнал ваму, та таму, та фатен овој, те оној. Де со бензинче, де со гуми, да се пали нешто де…
И си велите, па дали е можно некој до таму да оди, да пали шуми, депонии, па и природни резервати? Толку да се нема скрупули, совест, абе трошка емпатија кон народецот, животинките, природата? Па и од терористи и комуњари да е, премногу е, нели?
Јок, не е. За нив, небото е граница. Ако не верувате, прашајте ја Шеќеринска…
И си ги поделиле улогите. Терористите палеле, буквално.
И комуњарите да ти палеле. Ама раја, јавност и народ. Оти ги мрзело пустите по маникир и педикир да одат по депонии, свилени им биле рачињата. Ноџињата башка. А и „кичмите“ им биле премногу изабени и свиткани, што од Бугари, што од Грци, од Албанци башка. Едноставно, не биле правени за „на терен“. Можеле само да јадат бубрези, да шират конспирации, удбашки финти и методи. По цела вечер да се журкаат без и утредента на пресови да носат маски, да дрват/дават по соц-мрежи. Тоа, да. За другото, си имале екс терористи, кои и не биле така екс…
Пиколомини во 1689-та го пали Скопје, СДС и ДУИ во 2025-та. 336-години потоа.
Енеа Силвио поради колера. Али и Венко поради власт. Првиот го губи животот неполн месец по палењето на Скопје. Од колера. Вторите го губат Скопје еден месец по неговото палење. На локални избори, од народот…
Ги губат и Тетово, Битола, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Велес, Неготино, Ресен, Пехчево… И ред други градови, велат, којзнае дали еден ќе им останел. Пиромански таксират.
Пиколомини го пали Скопје на 25 октомври 1689-та , го губи животот само 14 дена подоцна, на 9 ноември во Призрен.
Ахмети го пали, а Венко распалува раја по Скопје на 13 и 14-ти септември 2025-та. Го губат главниот град и останатите само 35 дена подоцна, на 19 октомври 2025-та.
П.С.
За жал на модерните и инфантилни пиромани, никој одамна не пие нафта во Македонија. Штетна е по здравјето, башка и скапа. А, и со оние што ја пиеја, тешко ви оди. Нафтата тешко се пали, особено во поголема количина. Требаше да ги поите со бензинче. Да, со она со кое ги палите депониите…