Македонија МВР

МВР евакуира во Трубарево: Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат, соопшти Тошковски.

МВР евакуира во Трубарево: Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата од куќа во куќа ги известува жителите во најризичната зона околу пожарот дека треба да се евакуираат.

„Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации“, изјави Тошковски.

Тој прецизираше дека на 150 метри од огништето е утврдено високо ниво на опасност. „Од 150 до 200 метри е средно ниво на опасност. Од 200 до 400 метри е ниско ниво на опасност. Над 400 метри не се утврдени загадувања кои би биле штетни. Тоа се информациите кои ги добивме“, додаде министерот.

Прес-конференција на министерот Панче Тошковски 13.09.2025

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, September 13, 2025

Најнови вести од Македонија

To top