Македонија мвр

(ВИДЕО) Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење

Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.

(ВИДЕО) Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека пожарот кој избувна е ставен под контрола и дека на терен се ставени сите расположливи ресурси.

Според него, гаснењето се одвива со ситна песок, а пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.

Прес-конференција на министерот Панче Тошковски 13.09.2025

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, September 13, 2025

„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека во моментов се вршат разговори со три лица во полициска станица со цел да се утврдат причините и околностите за избивањето на пожарот.

„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.

Тој и самиот призна дека гаснењето на овој пожар ќе трае.

„Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии… и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот.

Најнови вести од Македонија

To top