Останати спортови Велосипедска трка

Завршницата на Вуелта под засилени мерки на безбедност

Градските власти во Мадрид двојно го зголемија бројот на полицајци кои ќе бидат распоредени на улиците за време на завршната етапа од велосипедската трка Вуелта низ Шпанија, поради зачестените пропалестински протести кои веќе ги принудија организаторите да скратат неколку етапи.

„Речиси 800 полицајци ќе бидат распоредени на рутата во Мадрид, која е долга околу 40 километри. Првичниот план предвидуваше околу 500 полицајци“, изјави на прес-конференција заменикот градоначалник на Мадрид, Инма Санс.
Демонстрациите беа насочени конкретно против тимот „Израел-Премиер Тек“, основан од израелско-канадскиот милијардер Силван Адамс.

To top