Република обие уреден и модерен изглед

Почна реконструкција на дел од градски плоштад во Куманово

Во тек е реконструкција на дел од малиот плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Почна реконструкција на дел од градски плоштад во Куманово

Почна реконструкција на дел од малиот градски плоштад во Куманово, соопштија денеска надлежните.

-Во тек е реконструкција на дел од малиот плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“. Активностите опфаќаат набавка, транспорт и монтажа на окапници од гранит, како и ѕидни гранитни елементи, со што просторот ќе добие уреден и модерен изглед, информираше, денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

За реконструкција на овој дел од плоштадот, од општинскиот буџет одвоени се 15, 2 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Работите на терен ќе ги изведува компанија од Прилеп.

To top