Скопје

ФОТО: Расчистени остатоците од кровот на зградата кој што падна во Ѓорче Петров

Со механизацијата беа расчистени остатоците од кровната конструкција која што силниот ветер ја урна во општина Ѓорче Петров.

Имено, во големото невреме проследено со силен ветер во оваа скопска општина, на улицата Македонска Војска падна кров од дваесетметарска зграда, под чии остатоци биле заробени и две возила. За среќа повредени лица нема, но има голема материјална штета.

како што и претходно соопшти градоначалникот Александар Стојкоски, на терен излегоа екипи на општината при што беа расчистени и паднатите остатоци од кровната конструкција на зградата.

Инаку, како резултат од невремето и силниот ветер во неколку населени места во оваа скопска општина биле паднати уште неколку дрвја, и истисте се отстранети. исто така биле пријавени и два пожари, во Стопански Двор и Волково, исто така истите се изгаснат.

Инаку, невреме го погоди речиси целиот регион, а не беше поштедена ниту Македонија, за среќе освен причинетата материјална штета во земјава нема други посериозни штети по животот и безбедноста на македонските граѓани.

To top