Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, го украдоа шоуто на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.
Амал блескаше во елегантно издание, додека Џорџ направи шоу кога го „украде“ фотоапаратот за да направи фотографија од својот колега Адам Сандлер.
Славниот пар прошета по црвениот тепих пред премиерата на неговиот нов филм „Џеј Кели“.
Амал носеше тесен фустан во магента боја со лелеава долга позадинба, додека Џорџ изгледаше елегантно во класичен црн смокинг со бела кошула и вратоврска.
Парот позираше за фотографите, а актерот ја држеше сопругата за рака.