Свет

ВИДЕО: Најмалку тројца загинати, а 10 се повредени од тајфунот Каџики во Виетнам

ВИДЕО: Најмалку тројца загинати, а 10 се повредени од тајфунот Каџики во Виетнам

Најмалку три лица загинаа, а 10 се повредени во северниот и централниот дел на Виетнам поради обилни дождови, силни ветрови и поплави предизвикани од тајфунот Каџики, објави денеска Министерството за земјоделство и животна средина на оваа азиска земја.

Тајфунот, исто така, оштети повеќе од 6.800 куќи, поплави повеќе од 28.800 хектари оризови полиња, 2.200 хектари други култури и искорени речиси 18.000 дрвја низ погодените провинции, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извештај на министерството.

Силната бура предизвика штета на електричната инфраструктура, при што вкупно 331 столбови беа паднати, а речиси 1,3 милиони корисници останаа без струја, се додава во извештајот, пренесува Ксинхуа.

Локалните власти објавија дека продолжуваат со активностите насочени кон санирање на последиците од бурата и проценка на целосниот обем на штетата.

To top