Градоначалникот на Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, во своето обраќање на денешниот настан саем-Отчет под мотото 4 години работиме за тебе истакна дека општината од финансиски девастирана успеала да се стабилизира и да стане пример за развој.
„Наследивме општина која финансиски беше девастирана, со стари долгови од над 4 милиони евра, па да бидеме во функција да градиме иднина. Најодговорно тврдам дека Ѓорче Петров ќе биде најсилна општина од сите општини во наредниот период. Успеавме да изградиме над 150 улици, а во постапка сме за изградба на над 90 улици“, изјави Стојкоски.
Тој потсети и на новите инфраструктурни зафати, вклучувајќи ја изградбата на атмосферска канализација и зголемувањето на капацитетите во детските градинки преку изградба на нови објекти. „Тука беше и новата атмосферска канализација, а и зголемување на капацитетите во детските градинки, изградбата на нови објекти кои се во тек“, додаде градоначалникот.
Додаде дека и во моментов се градат спортски сали, како и дека се изградени нови спортски терени.