На 18.08.2025 во 22:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.С.(39) од Скопје.
Приведен е постапувајќи по претходна пријава од Е.Л.(54) од Скопје дека околу 21:20 часот физички го нападнал, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.