Британската пејачка Џеси Џеј сподели детали за своето здравје на својот Инстаграм профил.
Оваа 37-годишна пејачка одлучи отворено да зборува за тоа како нејзиното тело се променило по мастектомијата. Таа првично објави видео објаснувајќи дека косата ѝ паѓа откако се подложила на операција за рак на дојка.
-Здраво, денес снимам ТВ емисија. Можете да видите колку ми е виткана косата. Ќе си ја направам косата и шминката сама. Косата ми „паѓа“ како луда од операцијата, изјави таа.
View this post on Instagram
Потоа објасни дека поминале пет недели откако ја направила процедурата, но дека се чувствува подобро.
„Се чувствувам добро. Сè уште имам многу обврски, па тоа е мојот главен фокус“, рече таа.
Таа, исто така, изјави дека градите се уште не и’ се рамни. Објасни дека има имплант и дека областа сè уште многу боли.