Регион

ВИДЕО: Австрија испрати конвој возила и голем тим за Црна Гора, масивни пожари се уште беснеат

Пожарникарите од Австрија објавија дека подготвени тргнуваат за Црна Гора да помогнат во гаснење на масивните пожари.

ВИДЕО: Австрија испрати конвој возила и голем тим за Црна Гора, масивни пожари се уште беснеат

Пожари се уште беснеат на повеќе локации во Црна Гора. Активни пожари има кај Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ, Шавник, Чањ и Буљарица.

Црна Гора поради сериозната состојба со разбеснетите пожари побара помош од Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и од Евроатлантскиот координациски центар на НАТО. Хрватски и српски воздухоплови веќе се вклучени во гаснењето, а од терен наскоро ќе им се приклучат и австриските пожарникари.

Facebook / noe122.at

Пожарникарите од Австрија објавија дека подготвени тргнуваат за Црна Гора да помогнат во гаснење на масивните пожари.

Facebook / noe122.at

-По повикот за помош во врска со механизмот за спречување на катастрофи на ЕУ, тим од 54 члена на специјалната служба „Шумско и коридорско гаснење пожари“ утрово ја напушти базата во Тулн кон Црна Гора. На лице место, нашите луѓе ги поддржуваат локалните пожарникари со модерна технологија – од ранци со апарати за гаснење пожар до мобилни системи за вода – и пред сè, со нивното меѓународно искуство. Целта е да се запре ширењето на пожарите и да се заштити населението, објавија австриските пожарникари.

-Меѓународната помош е жива солидарност – денес ние сме тие што помагаат, а утре може нас да не’ сретне, вели лидерот на тимот Дитмар Фахрафелнер.

Помошта е Австрија, според објавеното, ќе биде во Црна Гора неколку дена, но екипите не ја исклучуваат можност за продолжување на нивната интервенција во зависност од состојбите и потребите на терен.

Facebook / noe122.at
To top