Познати

Ана и Бастијан се разведоа судски, одлучено кој го доби старателството над трите деца

Светски познатиот пар официјално стави крај на бракот во кој поминаа девет години и имаа три сина.

Ана и Бастијан се разведоа судски, одлучено кој го доби старателството над трите деца

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведоа и судски. Тие официјално ставија крај на заедницата што траеше 9 години и од која имаат 3 сина.

Беше одлучено старателството да биде поделено, а пред официјалниот развод, Ана и Бастијан се чинеше дека се натпреваруваат на социјалните мрежи кој ќе објави повеќе слики со своите синови.

Адвокатот на Ана, исто така, потврди дека поранешната тенисерка и поранешниот фудбалер се судски разведени. Непремостливите разлики меѓу нив се наведуваат како причина за разводот.

– Пред Бастијан да почне јавно да се појавува со други жени, двајцата решија да се разведат. Само најблиските членови на семејството ги знаеја тие информации. Нивните адвокати веќе го завршија сето тоа легално.

– Тие се на хартија слободни луѓе кои можат да продолжат со своите животи како што им одговара. Ана го прифати тоа многу добро и не ја загрижува што Бастијан се однесува толку слободно, иако мисли дека тој го прави тоа намерно – вели блиска пријателка на Ана.

Имаа три деца, а најмладиот син се роди пред само две години. Засега е одлучено старателството да биде поделено, а Ана ќе ја добие куќата каде што сега живее со децата, вели изворот.

Судејќи според фотографиите што и Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ги објавуваат на Инстаграм во последните два месеци, се чини дека ниту еден од нив не тагува. Речиси секој ден, Ана објавува фотографии од патувања каде што е во друштво на пријателка, мајката или кумата.

Бастијан исто така често објавува фотографии од своите патувања, претежно деловни. А, по судскиот развод, се најави со фотографија на која може да се види како ужива на терените за голф.

To top