Македонија кај крушево

Спасувачка акција во тек, повреден параглајдерист виси закачен на дрво над 30 метри

Несреќата се случила во близина на Крушево, а од ударот параглајдеристот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото. 

Спасувачка акција во тек, повреден параглајдерист виси закачен на дрво над 30 метри

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека доцна попладнево од страна на полициската станица Крушево се информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри.

Несреќата се случила во близина на Крушево, а од ударот параглајдеристот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.

-Бидејќи локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој во моментов се движи кон местото на несреќата, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Најнови вести од Македонија

To top