Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Орбан, на предавање на MCC фест во Естергом, рече дека е „неприфатливо“ „намесник“ назначен од Европската унија да го смени и му суди на претседателот избран од босанските Срби, пренесува МТИ.
Унгарскиот премиер додаде дека тој чекор не е преземен поради корупција, туку затоа што Додик не спровел одредени одлуки што дошле од ЕУ.
Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина вчера ја потврди првостепената пресуда на Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина. (МИА)