Занимливости нови правила

Печатот во пасош заминува во историја: НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

Европската Унија од октомври годинава ќе започне со примена на нови строги правила за влез во земјите членки, насочени кон зголемување на безбедноста и унапредување на контролата на патниците.

Печатот во пасош заминува во историја: НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

Европската Унија од октомври годинава ќе започне со примена на нови строги правила за влез во земјите членки, насочени кон зголемување на безбедноста и унапредување на контролата на патниците.

Новиот систем, познат како Европски систем за информации и авторизација за патувања (ETIAS), ќе важи за 30 европски земји, вклучувајќи ги и Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија, но не и за Ирска и Кипар.

Според новите правила, патниците кои доаѓаат од 60 земји, меѓу кои се и сите земји од Западен Балкан како Србија, Северна Македонија, БиХ, Црна Гора и Албанија, како и од САД, Велика Британија, Украина, Јапонија, Бразил и Аргентина, ќе мора однапред да поднесат онлајн апликација и да платат такса од 7 евра за да добијат дозвола за влез.

При поднесувањето на апликацијата за ETIAS, патниците ќе треба да дадат лични податоци како име, презиме, датум и место на раѓање, адреса, информации од пасошот, детали за образованието и работното место, план за патување, како и податоци за кривични пресуди или учество во конфликтни зони. Дозволата ќе важи три години, а над 95% од апликациите се очекува да се одобруваат брзо, во рок од 72 часа.

Во рамките на новиот систем „влез/излез“ (EES), кој ќе започне со работа на 12 октомври годинава, на граничните премини ќе се собираат биометриски податоци, вклучително отпечатоци од прсти и фотографии на лицето, додека ставањето печати во пасошите ќе биде укинато. Ова ќе овозможи побрзи и поефикасни проверки, како и следење во реално време кој влегува и колку долго останува во ЕУ.

Ослободени од плаќање на таксата ќе бидат лицата под 18 и над 70 години, како и членовите на семејства на државјани и лица со регулиран престој во ЕУ. Иако добивањето на ETIAS дозволата е задолжително за влез, конечната одлука ја носи граничниот службеник, па самата дозвола не гарантира автоматски пристап.

Воведувањето на овие мерки има за цел да се справи со зголемените безбедносни закани и мигрантски кризи, спречувајќи тероризам и меѓународен криминал, како и да се подобри протокот на патници преку границите. Дополнително, земјите-членки веќе се подготвуваат за можни продолжени редици на граничните премини со измени во процедурите и забрзано собирање на податоци.

Со овие нови правила, Европската Унија се стреми кон поефикасен и побезбеден систем за контрола на границите во услови на се поголеми предизвици во безбедноста и миграцијата.

To top