Скопје Општина Илинден

Се гради нова централна кујна и се прошируваат капацитетите на градинката „Гоце Делчев“

Со поставување на камен-темелник, денес официјално започна изградбата на современа централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден, проект што ќе донесе значајни подобрувања во грижата за најмладите жители.

Се гради нова централна кујна и се прошируваат капацитетите на градинката „Гоце Делчев“

Со поставување на камен-темелник, денес официјално започна изградбата на современа централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден, проект што ќе донесе значајни подобрувања во грижата за најмладите жители.

На отпочнувањето на изградбата присуствуваа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и пратеничката Драгана Бојковска. Градоначалникот Георгиевски, истакна дека ова не е само инфраструктурна, туку инвестиција во семејствата, во образованието и во иднината на општина Илинден. Тој, исто така, им се заблагодари на вработените во градинката за нивната посветеност и неуморен труд, како и на Министерството за социјална политика, демографија и млади за континуираната поддршка и соработка.

Новата кујна, со површина од 150 квадратни метри, ќе биде опремена според највисоките санитарни и технички стандарди, со капацитет да подготвува над 600 оброци дневно. Освен за потребите на градинката, ќе се овозможи снабдување оброци и за основните училишта во општината, особено оние со продолжен престој. Паралелно со оваа инвестиција, општината отвора и нов простор за згрижување деца. Старата кујна ќе се пренамени во две нови занимални, со што капацитетот на градинката ќе се прошири на 650 деца.

Проектот претставува дел од стратешката определба на Општина Илинден да го поддржи раниот детски развој и да создаде подобри услови во воспитно-образовен процес. Изминатите години, Општина Илинден вложува интензивно во подобрување на детските установи: дограден е нов објект од 300 м² во градинката „Гоце Делчев“, реконструиран е кровот, набавена е нова опрема, партерно е уреден просторот околу градинката, а детското игралиште е збогатено со нови реквизити. Илинден продолжува со конкретни чекори и проекти во образованието, здравството, социјалната политика и инфраструктурата. Со јасна визија за достоинствен живот за секое дете, секое семејство и секој граѓанин.

Најнови вести од Скопје

To top