Познати

„Овој пат претеравте“: Георгина и Роналдо на удар за божиќните подароци за нивните деца, а овој особено паѓа во очи (ФОТО)

„Овој пат претеравте“: Георгина и Роналдо на удар за божиќните подароци за нивните деца, а овој особено паѓа во очи (ФОТО)

Божиќ е време на подарување, а познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез дефинитивно не штеделе на подароци за своите деца.

Георгина објави фотографии на Инстаграм на кои покажа подароци за нивните деца.

Меѓу подароците имало и играчки, а покрај нив била подарок и чанта од Луј Витон, а партнерката на познатиот фудбалер признала и како нејзините деца направиле торнадо од божиќни подароци.

„Во својата приказна, Георгина покажа како бебињата уживаат во играчките што ги добија за Божиќ. Тие не се одвојуваат од својата мајка и играат дури и во домашната теретана. Инаку неодамна помина божиќната вечера на која таа ги покани семејството и пријателите. Таму децата создадоа вистинско „торнадо“ додека ги одвиткуваа подароците“, напишала Георгина во описот на објавата.

To top