Во најновиот наплив на глума и лицемерие, СДСМ глуми дека се залага за независно обвинителство и судство. ТАКА, НЕ БЕШЕ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ, КОГА ИСТИОТ ТОЈ КОЦЕВСКИ БЕШЕ СЕЛЕКТИВЕН.
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и коалицијата нема да учествува во гласањето на интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на СДСМ, Јован Митрески. Така и би. Не гласаше ниту ДУИ.
„Како пратеничка група на СДСМ и коалицијата остануваме на принципиелниот став дека јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сите одлуки мора да се според законот и никако поинаку“, рече пратеникот од редовите на СДСМ, партија која лично со ДУИ го изгласа истиот тој Љупчо Коцевски.
Ова е слика од пред само неколку недели, кога заедно со премиерот Мицкоски, СДСМ во наплив на некорофилија и злоупоотреба на трагедиојата во Кочани истите го ставија и Љупчо Коцевски како орнамент на партиски прес. Tогаш беше селективен и про ВМРО-ДПМНЕ. Сега, пак бил независен. ЗАВИСНО од потребата. На Филипче, Заев и врхушката…
