Љубов и Секс совет

Начинот на кој зборуваме – тивкиот убиец на љубовта

Златното правило на комуникацијата кое речиси сите го користиме погрешно.

Начинот на кој зборуваме – тивкиот убиец на љубовта

Златното правило на комуникацијата кое речиси сите го користиме погрешно.

Во светот на односите, без разлика дали се романтични, семејни или пријателски, постои еден клуч без кој ниту една релација не може да опстане – искрена, нежна и човечна комуникација. Но, во пракса? Токму тука често сè тргнува во погрешен правец.

Зад обичните, на прв поглед безопасни реченици, често се кријат цели океани на емоции. Тага, страв, разочарување, осаменост, па дури и љубов која едноставно не знае како да се изрази. Проблемот е што не знаеме да зборуваме – така што навистина да се слушнеме.

Како што вели современиот филозоф Ален де Ботон: „Да зборуваш од срце, со нежност и искреност, е како да свириш виолина – бара вежба, но кога ќе успееш, звучиш магично.“

Како несвесно ги саботираме односите
Многумина од нас пораснале во средини каде што емоциите не биле добредојдени. Каде што слабоста се криела зад иронични коментари, каде што потребите се премолчувале, а љубовта се покажувала преку „строгост“. И таа школа на однесување нè следи и во зрелите години.

Па така, наместо да кажеме:

„Ми недостигаш“ → велиме: „Пак си цел ден со друштвото.“
„Страв ми е дека се оддалечуваме“ → изговараме: „Прави што сакаш.“
„Ми требаш“ → обвинувањето звучи: „Никогаш не ми обрнуваш внимание!“
И така – градиме ѕидови таму каде што треба да има мостови.

Лекцијата на љубезната искреност

Решението? Нежна искреност. Не глума, не пасивна агресија, не сарказам – туку едноставни, автентични реченици кои не напаѓаат, туку откриваат. Кои не обвинуваат, туку приближуваат.

Замислете да кажете:

„Осеќам дека ме забораваш.“
„Ме повредува кога не ме гледаш.“
„Ми е важно да бидам видена.“
Звучи ранливо? И навистина е. Но вистинската поврзаност никогаш не доаѓа без ранливост.

Микро-преврт што менува сè

Следниот пат кога ќе сакате да кажете: „Опет ти…“
Запрете и пробајте да кажете: „Ова ме боли.“

Не за да победите во расправија, туку за да бидете разбрани. А ако наидете на некој што знае да слуша без одбрана и без его – можеби сте ја нашле вистинската личност вредна за градење однос. Вистински, искрен, со душа.

Златното правило на односите не е само „зборувај“, туку „зборувај од срце – и слушај со душа“. Сè друго е само бучава.

To top