Македонија Безбедноста е столб на една нација

Мисајловски: Историски најголем буџет за армијата

Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Мисајловски: Историски најголем буџет за армијата

Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема.

– Безбедноста е столбот на една нација. Без безбедност нема просперитет, нема економски напредок. Затоа продолжуваме да инвестираме во АРМ и континуирано ја градиме со секој изминат ден. Историски буџетот е најголем во последните 30 години, и историски модернизацијата е највисоко нив. Затоа им благодарам на Владата и на премиерот Мицкоски, изјави министерот Мисајловски.

Владата издвојува над 30% од буџетот за модернизација на армијата и со вакви проекти се повеќе армијата се приближува до НАТО стандардите.

– Оваа нова опрема која што е дел од вооружувањето на артилерискиот батаљон, артилериска батерија со 6 хаубици „Боран“, влијае на сериозно зголемување на борбената готовност на армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Република Македонија. Оваа борбена опрема е произведена во Турција согласно сите НАТО стандарди, потенцираше Мисајловски.

Министерот секако се заблагодари на Република Турција и најави понатамошна соработка, очекувајќи и набавка на униформи, шатори, снајпери и борбени возила.

– Инвестирањето во армиските капацитети ќе продолжи да се реализира со засилено темпо. Затоа што само така можеме да гарантираме дека стео она што го имаме, нашата слобода и нашите вредности, ќе бидат наша реалност и во иднината, додаде Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top