Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи. Ова го покажува анкетата на Маркет-вижн.

Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите, праша ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа од неговиот ментор Заев е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот?
Сите знаат дека Филипче е верна сенка на Заев и дека тие двајцата се прават заедно, па оттаму е и дилемата дека во аферата со висококатниците во Дубаи можно е и тој да е вклучен.
