Во главниот град на Катар, Доха утрово продолжија индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.
Според неименувани палестински извори, досега не е постигнат никаков напредок, но продолжуваат преговорите.
Тие додадоа дека преговорите се фокусираат на механизми за спроведување на договорот, посебно на клаузулите што се однесуваат на повлекување на израелската армија и хуманитарната помош за Палестинците.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на синоќешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакна дека Хамас е подготвен да прифати прекин на огнот.
Израелска и палестинска делегација трет ден преговараат со посредство на странски медијатори за завршување на 21-месечната војна во Појасот Газа.