Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ.
Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.
„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави без иронија албанскиот премиер Еди Рама.
Проблемот е, констатираа веднаш по социјалните мрежи, што ЕУ не постои со векови, туку нејзината „егзистенција“се мери со децении. Ѓоамити, Албанија уште од средниот век сака да влезе во ЕУ?! Или, кога ја формирале модерната држава во 1912-ТА, третата наречница рекла „Во 2030-та Албанија ќе влезе во ЕУ“!!!
Тежок гаф на Рама, кој поради драматизацијата на работите го доби името Еди Драма, политичар кој е познат по финтите со кои го ругаше „западнобугарскиот премиер“ Димитар Ковачевски, и кој по ново сигурно гази по стапките на светскиот шампион по гафови и црни бисери, Зоран Црпко Заев, новопечениот неимар од Дубаи…