Хроника СВР Скопје

Измамниците смилија нова „финта“: Ќерка ви мора да се оперира, платете ми 30.000 евра

Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измамниците смилија нова „финта“: Ќерка ви мора да се оперира, платете ми 30.000 евра

На 25.06.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра.

Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати.

Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Најнови вести од Хроника

To top