Нов вид на говор и нов вид на лидер со визија и храброст, вака аналитичарот, писател и бренд-експерт Сотир Костов го оценува говорот и отчетот на премиерот Христијан Мицкоски. Во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа со Љупчо Цветановски, тој анализира дека ова е сосема различен дискурс и настап од досегашните македонски премиери, говор зачинет со нов тип на реализам, објективност и визија.
-Јас при отчетот приметив нешто друго, нов вид на говор, нов вид на лидер со визија и храброст реално да ја претстави ситуацијата наназад 7-8 години, една година како и што тој со својот тим дејствувал, да ги каже првите резултати и со прекрасен вокабулар или ако сакаш и стручно ќе ти се изразам – со збор и логос да се искаже, со патос да искаже прекрасен вид на чувство кон своите сограѓани на смирен, концизен и конкретен начин и на крајот со третата компонента – со етос, значи тоа е моралната, етичката компонента во неговиот настап, да ја издигне на ниво на одговороност и да каже дека она што го ветивме пред година дена, еве полека, полека, за првпат ви давам отчет, што не беше случај со минатите власти, го остваруваме, посочи Костов.
-За мене, ов а е нов начин на говор, за мене ова и реализам, објективност и визија. Тука видов повеќе видови на говори, потенцира аналитичарот кој во настапот гледа нов правец и стил на македонската политичка сцена.