Свет

Турција повикува на продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изрази надеж дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат, нагласувајќи дека двете страни ја препознаваат важноста на дијалогот, објави „Туркие тудеј“.

Турција повикува на продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изрази надеж дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат, нагласувајќи дека двете страни ја препознаваат важноста на дијалогот, објави „Туркие тудеј“.

– Очекуваме нов круг преговори, бидејќи и двете страни разбираат дека седнувањето на иста маса е во нивен интерес, изјави Фидан синоќа, потенцирајќи дека ставот на Турција за итно прекинување на конфликтот во Украина останува непроменет од самиот почеток.

– Ова не е војна само меѓу две земји – ова е конфликт што ги вклучува и земјите што ги поддржуваат Украина и Русија, што носи ризик од ескалација, додаде Фидан.

Тој истакна дека доколку Русија и Украина одржат уште неколку средби и постигнат напредок, средба на лидерите ќе биде неизбежна. Фидан потсети дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган неодамна изрази подготвеност да организира средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин во Турција.

Во врска со повлекувањето на дел од американските војници од Сирија, Фидан изјави дека присуството на американските сили во Сирија никогаш не било проблем за Турција. „За нас, главниот проблем е соработката и поддршката на САД за Курдската работничка партија (ПКК)“, нагласи тој, додавајќи дека Турција бара оваа поддршка да биде прекината. ПКК е означена како терористичка организација од Турција, САД, Европската Унија и Обединетото Кралство. Сепак, САД ги поддржуваат сириските курдски Сили за заштита на народот (YPG), кои Турција ги смета за огранок на ПКК, што предизвикува тензии меѓу двете сојузнички земји.

За ситуацијата во Појасот Газа и претстојната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС), закажана за 20-21 јуни во Истанбул, Фидан рече дека палестинското прашање и кризата во Газа ќе бидат главни теми на дискусиите. Тој нагласи дека Турција во последните години соработувала со само неколку европски земји по ова прашање, но забележа дека „една по една, земјите почнуваат да ја повлекуваат поддршката за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, бидејќи никој не сака да ја плати политичката цена за неговата поддршка“.

To top