Одлуката за иднината на ОБСЕ ќе биде една од темите за кои ќе разговараат министрите министерскиот совет во Скопје. Mинистерот Бујар Османи вели дека ОБСЕ, во своето речиси 50 годишно постоење можеби е во најголемата криза досега.
„Агресијата врз Украина ја предизвика и самата организација (ОБСЕ) така што нивото на доверба меѓу земјите-учеснички е на историско ниско ниво и одлуките кои се носат во ОБСЕ со консензус не можат да се донесат – не само одлуки за политиките, туку и за основните функции на организацијата, а тоа е дека, за првап, се соочуваме со немање претседавач за идната година“, изјави Османи.
Најверојатно одлуката за иднината на ОБСЕ ќе се донесе токму во оваа сала. Министрите ќе бидат седнати токму тука и ќе се донесе одлуката за иднината на ОБСЕ. Скопје на некој начин да биде центарот на светот каде што министрите на најголемите држави во светот ќе имаат можност во текот на тие три дена да имаат и билатерални средби и да комуницираат по однос на прашањата што го засегаат регионот на ОБСЕ“ додаде тој.
Османи се надева дека ќе дојдат министрите на најмоќните држави во светот – САД, Велика Британија, Франција, Германија. А од рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, вели дека добил писмо со одредени барања.
„Добив писмо пред неколку денови од рускиот министер за надворешни работи во кое тој изразува барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици околу тоа барање зашто воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски државни летови така што тука треба да се направат логистички напори… Инаку, по правило, сите земји членки треба да присуствуваат на овој Совет на ОБСЕ, но сепак тоа ќе зависи да се донесат одлуки во наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје“, рече Османи.