Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку најава на санкции за сопартијци призна дека неговата СДСМ се распаѓа внатрешно или по „шавови“, како што вели народот. Токму поради тоа и поради внатрешниот распад и јавна соработка со структури на власта, тој најави внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.
„Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост“, изјави „лидерот“ поврзан со мега-аферите на Онкологија, Модуларната и кинеските ултра-скапи визи на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.
Во уплав од она што следи на и по локалните избори наесен, имателот на златна виза за Дубаи најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници:
„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“, јавно признавајќи дека неговите сопартијци веќе немаат доверба во него и во иднината на партијата која во 5-та брзина ита кон пасокизација и одамна не претставува сериозен политички фактор на македонската политичка сцена.
Како минува времето, на граѓаните им е се’ појасно зошто Венко Филипче има златна виза за Дубаи, најчест коментар на социјалните мрежи е дека „златната направија“ е бек-ап варијанта за резилот што следи по есенските локални избори…