НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ ќе го поддржи предложениот кандидат за Градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како и сите други предложени кандидати од политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ. Во Охрид, Ресен, Струга, Битола и други места Египќаните се одлучувачки фактор, особено во Охрид и Ресен каде што Египќаните се втора по бројност етничка заедница.
Како НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ изразуваме големо задоволство од досегашната пријателска, коректна и конзистентна соработка со Градоначалникот на Охрид, Д-р Кирил Пецаков. Очекуваме негова победа уште во првиот круг, имајќи го во предвид фактот дека се работи за исклучително квалитетен кандидат, кој и досега покажа дека го сака Охрид и Охриѓани, покажа лидерство, визија и инвестиција во Мултиетничката демократија.
НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ, и очекуваме во блиска иднина истиот да се повтори и со актуелниот Премиер и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски.
Таа соработка е основ и за поддршка на сите предложени кандидати за Градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Дипломиран правник Демир Далип