ТВ и Филм еден од најнерешените случаи во американската историја

ВИДЕО: Нетфликс објави нова серија за мистериозната смрт на седум лица, заснована на вистинска приказна

Многумина се согласуваат дека документарецот е истовремено „морничав, привлечен и вознемирувачки“ и ќе биде нов хит за љубителите на документарци за вистински криминал.

ВИДЕО: Нетфликс објави нова серија за мистериозната смрт на седум лица, заснована на вистинска приказна

Нетфликс претстави нова документарна серија „Cold Case_ The Tylenol Murders“ која истражува еден од најнерешените случаи во американската историја, мистериозната смрт на седум лица од Чикаго во 1982 година.

Овој случај го потресе целиот свет и започна една од најголемите кривични истраги во историјата на САД. Седум лица од Чикаго починаа во 1982 година откако консумирале апчиња против болки Tylenol за кои не знаеле дека се контаминирани со цијанид.

Документарецот во режија на Јотам Гунделман и Ари Пајнс, а продуциран од Џо Берлингер, носи нови сознанија и неочекувани теории. Иако јавноста во тоа време беше убедена дека станува збор за изолиран случај на труење, документарецот открива дека зад сето тоа може да стои не само сериски убиец, туку и потенцијално вознемирувачка завера и прикривање.

-Пред 1982 година, никој не помислуваше на фактот дека шише лекови против болки може да биде смртоносно. Денес, секој заштитен печат на пакувањето на лекот нè потсетува на тој трагичен момент кога секојдневен лек против болки стана оружје за убиство. Нашиот документарец дава нов поглед на овој сложен, мистериозен случај и се надеваме дека ќе ги доближи семејствата на жртвите еден чекор поблиску до одговорите што ги бараа со децении, тврдат продуцентите.

Документарната серија вклучува интервјуа со членови на семејствата на жртвите, истражители кои работеа на случајот и главниот осомничен, Џејмс Луис, кој почина во 2023 година.

Луис беше уапсен за уцена на „Џонсон и Џонсон“, но никогаш не беше формално обвинет за убиствата. Во документарецот, тој отворено зборува за своите причини за пишување уценувачки писма и за неговите минати злосторства.

Само два дена по премиерата, „Cold Case: The Tylenol Murders“ стана втората најгледана серија на Netflix, зад драмската серија „Sirens“. Гледачите ширум светот ги споделуваат своите реакции преку социјалните мрежи, а коментарите се полни со воодушевување и шок.

Многумина се согласуваат дека документарецот е истовремено „морничав, привлечен и вознемирувачки“ и ќе биде нов хит за љубителите на документарци за вистински криминал.

To top