Возачот кој синоќа со автомобил се заби во толпата навивачи за време на прославата на титулата на Ливерпул во центарот на градот, беше веднаш уапсен, а во вторник беше објавено дека ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на дрога.
Вкупно 65 лица беа повредени, повеќето беа згрижени на местото на настанот, а повеќе од 50 лица беа примени во болниците низ градот.
Едно од нив е дете и уште тројца возрасни со тешки повреди. Во вторникот, 11 повредени останаа на болничко лекување, сите се во стабилна состојба.
Полицијата и службите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот, возачот бил веднаш уапсен, а полицијата успеала да ги спречи разгневените граѓани сами да се справат со него.
https://twitter.com/i/status/1927063943689752932