Свет

Во Австрија голем број училишта примиле лажни закани за поставена бомба

Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки.

Во Австрија голем број училишта примиле лажни закани за поставена бомба

Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка.

Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција.

Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки.

Закани за поставени бомби во училиште пријавени се и во провинцијата Горна Австрија и во Линц.  (МИА)

To top