Хроника МВР

Приведени двајца кумановци се обиделе да нападнат играч од МКК Куманово

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Приведени двајца кумановци се обиделе да нападнат играч од МКК Куманово

Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј.(36) и Д.С.(29), двајцата од Куманово.

На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Најнови вести од Хроника

To top