Македонија ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

И Велика Британија станува „стратешки партнер“ на Македонија, објавија премиерите Стармер и Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер објавија дека денеска во Тирана потпишале Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

И Велика Британија станува „стратешки партнер“ на Македонија, објавија премиерите Стармер и Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер објавија дека денеска во Тирана потпишале Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

„Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу прашања. Ова е одлична можност и се радувам на средбата и договорот“, изјави премиерот Стармер.

Од своја страна, македонскиот премиер Мицкоски истакна дека е возбуден од перспективата за зајакната соработка меѓу двете држави.

„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе изградиме уште подлабока билатерална соработка и ќе ги зацврстиме нашите врски. Тоа ќе придонесе не само за споделување на искуства, туку и за унапредување на нашите односи во поширокиот европски контекст. Сметам дека Западен Балкан е инспиративен регион и му посакувам топло добредојде на Обединетото Кралство во неговата засилена улога тука“, рече Мицкоски.

Македонија уште од 2008 година има потпишано Декларација за стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави, .

Според Владата, договорот со Велика Британија претставува „стратешко позиционирање на Македонија во делот на интересите на една од најмоќните светски политички и економски сили и ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји“.

Од него Македонија очекува засилена економска и политичка соработка со Велика Британија, велат од Владата.

Премиерите Мицкоски и Стармер дадоа куси изјави по денешната средба:

Најнови вести од Македонија

To top