Свет

Мајкл Антон главен претставник на амеркинската делегација во Истанбул

Директорот на одделението за планирање на политики во Стејт департментот, Мајкл Антон ќе ги претставува САД на денешните разговори со руската делегација во Истанбул

Мајкл Антон главен претставник на амеркинската делегација во Истанбул

Директорот на одделението за планирање на политики во Стејт департментот, Мајкл Антон ќе ги претставува САД на денешните разговори со руската делегација во Истанбул.

Состаноците се дел од поширок дипломатски напор во Турција за наоѓање начин за завршување на војната во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус.

Во Истанбул пристигна и американскиот државен секретар Марко Рубио и предвидени се средби со турски и украински претставници.

Трилатерален состанок помеѓу претставници на Русија, Украина и Турција е закажан претпладне.

Засега нема информации дали денеска ќе се одржат квадрилатералните преговори помеѓу Русија, САД, Украина и Турција.

Првите директни преговори помеѓу Русија и Украина во изминатите три години, предложени од рускиот претседател Владимир Путин, вчера беа одржани во Истанбул. Руската делегација беше предводена од помошникот на Путин, разговорите, туку наместо тоа испрати делегација предводена од неговиот помошник Владимир Медински, додека украинската делегација е предводена од министерот за одбрана, Рустем Умеров.

To top