Тууу, ни Стево на времето така брзо не се самодемантираше, ви „текнува“? Значи, Филипче ли е новото сидро кое треба да ја влече Македонија напред? Барем, ако одиме според логиката на неговиот ментор и гуру Заев. Оти, Венко излажа, ама многу и јавно. А, кој лаже, тој краде, пари врие и во хациенда во Нерези спие. Ова е последната новокомпонирана поговорка која произлегува од ликот и неделото на опозицискиот „лидер“, кој е фатен во мега-лага и со смкнати гаќи. Виза, башка. Или и двете. Башка ЗЛАТНА виза. Да, златната кокошка и престолонаследник на Заев да ти имала и златна виза, јаз’к…
Пустото, не даде да мине ни недела дена од јавниот демант кога така дрско на новинарите им срже дека нема, ниту некогаш имал „некаква златна виза“, за да вчера „ко попче“ си призае дека имал, ПОЗЛАТНА ЗДРАВЈЕ. Арно ама, да ти била на СТЕНД БАЈ. Уште поарно, ја добил пред да стане претседател на антимакедонската СДС и пратеник. Значи, како министер за здравство во владата на другарчето Заев. АМАН, што побогу толку муљал со Црпко за да му дадат ЗЛАТНА ВИЗА шеиците, направија за која за „обичните“ милионери и златновизашки смртници, треба да депонираат МИЛИОНИ за да ја добијат? Евра или долари, не денари. Аха, отсекогаш сте знеле дека Фичо е посебен, нели? Прашајте го Заев, ако не верувате…
И каде го призна тоа? Па каде ако не во друштво на политикантските ајвани кои со Боки 13 одработуваа за смена на името во 1ТВ, а сега одработуваат во друштво на нови фолиранти создадени/платени за урнисување на новата главна пречка за нечии интереси, актуелната ни влада…
Туку, ве тера да се запрашате, со што Фичо толку ги задолжил шеиците од Емиратите за да му „треснат“ гратис златна визичка? Преговарал за болница, вели совозачот на Муртинхаузен, кој очебијно, од толку дружба со суртукот од Муртино попримил многу од неговите навики и обичаи. Не бадијала северните соседи на насила (од него и другарче) северизираната Македонија велат „С ким си, такав си“… Значи, околу болницата – Да работи во неа или поверојатно за да ја купи истата со Црки, логика…
Демек, толку добар доктор бил што шеиците (кои според ова ја пијат, а не ја произведуваат истата таа нафта), му треснуваат златна виза за да, аман, молим ти се Вени, дојде најдобриот неврохирург во светот кај нив. Ѓоамити Роналдо или Меси го канеле, гарант и „трансферот“ од скопската Клиника во дубајската е околу 200-300 милиони евра, нели?
И се’ тоа да се случува на местото „на злосторот“ каде другиот ЗЛАТНОВИЗАШ Црпко гради облакодери? Ц, ц, ц, ц, ц… Ве тера да се запрашате, да не Муртинхазуен му ја купил „златната“, за да си го има на „СТЕНД БАЈ“ во Дубаи (јали ко лидер на СДС), па му затреба ли друштво за пијанчење на Харис Џиновиќ и за лумперајќи по метрополата, викни го Фичо, со кој по алкохолно-белата терапија и ќе те среди ко доктор. Разбрал ли ајварџијата муртински погрешно дека неврохирурзите ставаат, а не вадат „работи“ од главата, па се надева дека некој ќе му даде памет, ама буквално? Или овој, ама „стварно“, нон-стоп му „дава памет“, совети, ука ли на совозачот. На крај, ќе испадне ли дека Венко е манга во „врската“ со Зоче. Или Муртинхаузен си го чува и за „по дома“, како џокер ако го затвориме да има кој „лидер“ да протестира за него. Бекап варијанта, отстапница ли, платена со златна виза и ред други работи…
Како и да е, другарчињата си имаат златни визи, и очебијно, заедно ќе си градат облакодери по Емиратите со рушветот од продажбата на името, двојазичноста, вакцините, на историјата, модуларните, револуционерите, на преродбениците, цареви, што ли не…
Златната виза и не е така лоша работа. Заради неа, Црпко одамна го „снема од радарот“. Убавини, барем не го гледаме, не дека не треба да си одговара и лежи, а што е негово, ќе „си дое“. Проблемот е што другиот „сувозач“ и „златновизаш“ се’ уште глуми политичар и „лидер“ на опозиција, па со рејтинг 3,8% рамен на статистичка грешка иницира средби за уставни измени, закони за трагедии, ќе ни ја оправал економијата ајванот со лепливи прстиња.
А, така очигледно е, знаеме каде се „криел зајакот“. Златен Фичо отсекогаш неќел да вози Фиќо, туку Ферари. Уште, од девојче. И ќе го прави тоа што го сонувал, со Заевци, кај и да е…
Затоа, аман не не’ гњави човеку, одете градете си облакодерчиња, пичете тоа бе-ем-ве моторетките, журкајте се по Дубаи со Џиновиќ, вози се во Ферариња, Ламборџини, Бентлија ли, ама не замарај и не глуми загрижен поличар, ко слон во пижами си, ве заболе вас за Македонија и Македонците…
Аман, искористете ги тие ЗЛАТНИ ВИЗИ, фатете усвета, па народот да рече ДА МУ СЕ ПОЗЛАТАТ РАЦЕТЕ НА ТОА ШЕИКОТ, што ви ги дал…
