Хроника мвр

Приведен кавадарчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Приведен кавадарчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Вчера на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци.

-Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top