Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите.
Престрелката се случила вчераутро на забава на една поранешна хациенда во градот Салватиери, наведуваат медиумите.
Напаѓачите, наводно, влегле во забавата и отвориле оган врз присутните.
Според медиумите, на забавата присуствувале само млади луѓе.
Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се префрлени во различни болници во општината, не наведувајќи повеќе детали за нивната здравствена состојба.