ОБРАЗОВАНИЕ (кое го уништи Мила Царовска), ЗДРАВСТВО (на чија девастација кумуваше лично тој), правосудство (КОЕ ГО „РАСПУПИ“ ЗАЕВ СО КАЦАРСКА И РУСКОВСКА), заштита на животната средина (ЗА КОЈА НЕ МРДНАА СО ПРСТ 7 ГОДИНИ) и партизацијата во институциите (КОИ ГИ ПРЕПОЛНИЈА СО КАДРИ НА ДУИ И СДСМ) се ПЕТТЕ ОБЛАСТИ кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче (кој има токму ПЕТ ИПОЛ ПАТИ помал рејтинг од Христијан Мицкоски) најави дека би биле во фокусот на лидерската средба на лидерите на политичките партии која тој ја иницира неодамна.
„Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“, изјави лидерот на коалицијата која во своите редови нема ни 18 пратеници И ИМА ПЕТ ИПОЛ ПАТИ ПОМАЛ РЕЈТИНГ од својот политички ривал.
Всушност, читано меѓу редови, тој ја злоупотребува во политички цели кочанската трагедија и со четири пати помалку пратенции и пет пати помал рејтинг бара еден вид на техничка влада со „сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството“.
Очекувано, Филипче даде силна поддршка за симптоматично симултаните протести на „Кој е следен“ и на ССМ, но уште поочекувано никаде не спомена дали дава поддршка на идеите за реотворање на случајот со Модуларната болница во Тетово која се случи во време на неговото министерување, ниту за морбидниот скандал на Клиниката за Онкологија, криминал правен исто така додека тој беше министер, ниту за Ласкарци, уште помалку за Беса транс и 45-те загинати во нелиценциран автобус кај бугарска Струма…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку тој навистина има план и желба да помогне.
По денешниот повик од Филипче за политички и општествен дијалог Мицкоски во одговор на новинарско прашање рече дека стои на располагање во секое време и ќе го усогласи распоредот за да го слушне планот на Филипче и да се види дали во тој план може нешто да се реши.
– Јас во една моја изјава кажав дека ова е сериозна тема и за сериозна тема се седнува и се разговара. За мене е малку непристојно да разговараме преку медиуми, реков доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски за повикот од Филипче и дали ќе има лидерска средба со останатите претставници на партиите.