Фудбал

Симеоне: Најубав подарок за нашите фанови би била елиминација на Реал

Симеоне: Најубав подарок за нашите фанови би била елиминација на Реал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази голем оптимизам за осминафиналниот двомеч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и рече дека неговиот тим секогаш посакува силни противници.

„Нема зошто да се буниме или да бараме некакво алиби. Ние сме Атлетико Мадрид, екипа со одлични поединци кои секогаш сакаат да играат против силни ривали. Ова е делот од сезоната кога веќе нема наивни противници, а двомечот со Реал ќе биде празник за градот и фудбалот општо. 

Искрено се надевам дека можеме да го елиминираме градскиот ривал, тоа би бил прекрасен подарок за нашите навивачи. Атлетико е сериозен тим кој секогаш оди на победа. Моите играчи сфатија за каков предизвик се работи, ќе одиме чекор по чекор и очекувам да се радуваме на крајот“, рече Симеоне.

To top