Свет САД

Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа

-На Трамп му беа прикажани инсерти со англиски преводи и тој беше шокиран, рече братот на Шараби.

Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа, откако рече дека е шокиран од ужасното интервју на Ели Шараби по 16 месеци во заробеништво на Хамас.

-Шараби беше ослободен минатиот месец и утре ќе се сретне со Трамп, изјави неговиот брат Шарон за весникот „Хаарец“.

Трамп го упатил повикот до Шараби и другите заложници откако му биле покажани извадоци од неговото интервју во кое опишува тортура и гладување, пишува Њујорк пост.

Шараби за Канал 12 опиша како бил врзан со синџири, тепан и изгладнет, а третманот се влошувал секој пат кога израелските лидери најавувале влошување на условите во затворот за заробените борци на Хамас.

-На Трамп му беа прикажани инсерти со англиски преводи и тој беше шокиран, рече братот на Шараби.

Трамп ги спореди Шараби и уште двајца поранешни заложници со луѓе кои го преживеале Холокаустот.

Во првата фаза од прекинот на огнот што започна на 19 јануари, Хамас ослободи 30 заложници и ги врати телата на осум заложници во замена за околу 1.900 палестински затвореници. Покрај тоа, пет тајландски државјани беа ослободени надвор од опсегот на овој договор.  (МИА)

To top