Познати

ВИДЕО: Заврши судењето на момчето на Ријана, пејачката се расплака

На раперот АСАП Роки, партнерот на Ријана, му се судише за наводно пукање со пиштол во својат поранешен пријателк Терел Ефрон на 6 ноември 2021 година.

ВИДЕО: Заврши судењето на момчето на Ријана, пејачката се расплака

Партнерот на пејачката Ријана, раперот АСАП Роки, беше прогласен за невин во неговото судење под обвинение дека го застрелал својот поранешен пријател Терел Ефрон на 6 ноември 2021 година.

Раперот АСАП Роки беше прогласен за невин по втората точка за напад со полуавтоматско огнено оружје.

По читањето на пресудата, ASAP Роки (36), чие вистинско име е Раким Мајерс, ги прегрна своите адвокати, а потоа Ријана, која се расплака во судницата по прогласувањето на пред=судата.

-Пред сè, сакаме да му се заблагодариме на Бога. Навистина сакаме да и се заблагодариме на поротата што ја донесе вистинската одлука. Благословен сум што сум овде сега, што сум слободен човек, разговарам со тебе, истакна тој пред Врховниот суд во Лос Анџелес.

Поротата го ослободи Мајерс по тринеделното судење за време на кое обвинителите на округот Лос Анџелес го прикажаа како агресивен напаѓач, кој го застрелал својот пријател од детството, раперот Терел Ефрон, поради расправија. Иако Мајерс се соочи со казна од 24 години затвор, обвинителите побараа само осум години.

-Ова не е тежок случај, рече заменикот окружен обвинител во своите завршни зборови во четвртокот, а потоа појасни:

„Прашањето на кое треба да одговорите во овој случај се сведува на само едно, а тоа е дали господинот Мајерс, човекот тука, користел вистински пиштол или користел лажен пиштол? Ништо друго не е спорно.

Адвокатот Џо Такопина во својот завршен збор рече дека Маерс носел пиштол кога немал обезбедување и пукал за да го спречи Ефрон да нападне еден од нивните пријатели.

Поротата се состоеше од седум мажи и пет жени и едногласно одлучи дека ASAP Роки е невин, по тричасовно размислување.

Ријана седеше во судницата помеѓу мајката на Роки, Рене Блек и неговата сестра Ерика Б. Мејерс. Таа, исто така, го поддржа носејќи ги нивните синови РЗА (2) и Риот Роуз (1) на завршните рочишта.

За време на завршните зборови, обвинителот Џон Левин ги повика поротниците да не дозволат присуството на Ријана да ги одврати од донесување одлука, тврдејќи дека нејзиното појавување во судницата можеби имало намера да влијае на пресудата.

Пред судењето, Асап Роки ја отфрли понудата на обвинителството да ја признае вината во замена за шест месеци затвор и условна казна. Наместо тоа, тој реши да се бори за ослободителна пресуда.

To top